Monday, May 2, 2016



Морските ежови  се класа од типот иглокожи. Оваа класа брои околу 950 современи видови. Претставниците се мали, бодликави, глобуларни животни кои ги населуваат сите светски океани. Нивната черупка („теста“) е заоблена и бодликава, обично од 3 до 10 см,,. Најчести бои се црна и темните нијанси на зелена, маслинеста, кафеава, розева и црвена. Се движат бавно, хранејќи се најмногу со алги. Нивни главни грабежливци се морските видри, одредени видови на јагули и некои други животни. Луѓето ги собираат морските ежови и нивните јајца ги употребуваат во исхраната.

Кожните осикули се тенки плочки кои се споени и образуваат ригидна ендоскелетна теста. Освен тенкиот надворешен епидерм, сите меки органи и ткива се наоѓаат под тестата. Ларвата е билатерално симетрична и се нарекува ехиноплутеус. Тестата е препокриена со мноштво од подвижни боцки. Цевкастите стапала се главните респираторни органи, а мадрепоритот е аборален.




No comments:

Post a Comment