Морските ежови се класа од типот иглокожи. Оваа класа брои околу 950 современи видови. Претставниците се мали, бодликави, глобуларни животни кои ги населуваат сите светски океани. Нивната черупка („теста“) е заоблена и бодликава, обично од 3 до 10 см,,. Најчести бои се црна и темните нијанси на зелена, маслинеста, кафеава, розева и црвена. Се движат бавно, хранејќи се најмногу со алги. Нивни главни грабежливци се морските видри, одредени видови на јагули и некои други животни. Луѓето ги собираат морските ежови и нивните јајца ги употребуваат во исхраната.
Кожните осикули се тенки плочки кои се споени и образуваат ригидна ендоскелетна теста. Освен тенкиот надворешен епидерм, сите меки органи и ткива се наоѓаат под тестата. Ларвата е билатерално симетрична и се нарекува ехиноплутеус. Тестата е препокриена со мноштво од подвижни боцки. Цевкастите стапала се главните респираторни органи, а мадрепоритот е аборален.